Награда на Светскиот самит за информатичко општество - Македонија 2009
 
 
Почетна - за WSA
Награда на Светскиот самит за информатичко општество

Одбрани македонските претставници за Наградата на Светскиот самит

Mултидисциплинарното Жири на Наградата на Светскиот самит за информатичко општество Македонија ги одбра македонските претставници на глобалниот натпревар.

Жирито се состана на 23 декември во Стопанската комора на РМ, кога беа извршени и презентации на поголем дел од проектите-кандидати. Жирито продолжи со дебата за изборот по електронски пат по што беа донесени крајни одлуки за победниците во сите осум категории:

Категорија

Македонски кандидат за глобалниот избор*

Сопственик

URL

е-култура и наследство

Дигитален архив на македонскиот јазик

Истражувачки центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ)

линк

е-бизнис и трговија

Инвестиционен портал broker.com.mk

Брокер Инц.

линк

е-учење и образование

Авантурите на Дино

Зона ДООЕЛ

линк

е-наука и технологија

IT.com.mk - Портал за информатичка технологија

IWM Network, ДОО

линк

e-владеење и институции

epolicy.mk

Министерство за транспорт и врски

линк

е-здравство и животна средина

Македонски портал за ракот

Македонски портал за ракот

линк

Е-забава и игри

Мултибокс

Македонски Телеком АД - Скопје

линк

е-вклучување и учество

Млади инфо

ФЕЈС Македонија

линк

 

* Организаторите и жирито на Наградата на Светскиот самит за Македонија немаат контрола врз содржините на горенаведените веб-сајтови (надвор од доменот wsa.org.mk) и нивното учество во натпреварот не повлекува одобрување на сите содржини кои се објавени или во иднина ќе бидат објавени на нив.  

 

Документот со деталните информации за гласањето може да го видите тука  




Изборот на Наградата за Светскиот самит за информатичко општество за Македонија за 2007 година го организираше Фондацијата Метаморфозис, а го изврши независно мултидисциплинарно експертско жири преку стриктно следење на насоките дадени од организаторот на глобално ниво и спроведување на принципите на транспарентност.

 


Наградата на Светскиот самит е глобална иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за информатичко општество на Обединетите Нации. Процесот се одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат на секои две години и голем број национални и меѓународни конференции и работилници посветени на содржините – наречени Патувачко шоу на Наградата на Светскиот самит.

Наградата на Светскиот самит е проект кој поканува на учество и глобален центар за сите кој го гледа клучното значење на креирање одлични е-содржини во рамките на новото информатичко општество. До денес 168 земји активно се вклучени во Наградата на Светскиот самит. Нови партнери од целиот свет секогаш се добредојдени да и се придружат на оваа глобална иницијатива!
Што е дигитален јаз?
Дигиталните библиотеки, новиот начин на раскажување приказни, станаа вообичаена појава. Но, што е со луѓето кои немаат пристап до интернет или не зборуваат англиски? Што е со луѓето кои не ни знаат што значат зборовите „мрежа“ или „интернет“? Не, проблемот не е во тоа што тие немаат компјутер. Проблемот е во тоа што тие немаат пристап до квалитетни содржини кои можат да им го променат животот.
Што е содржински јаз?
Како што светските економии се фокусираат на креирање и унапредување на технолошките производи, прашањето на содржините се смета за непотребно. Технологијата и сето она што технологијата го произведува се поврзани меѓу себе, не можат еден без друг. Сепак, „она“, сржта на сето тоа, останува само мало делче од тоа што може да биде, и тоа поради страшниот недостаток на финансии.

 
© 2009 wsa.org.mk
Powered by [Joomla!]