Награда на Светскиот самит за информатичко општество - Македонија 2007
 
 
Почетна - за WSA
Најнови вести
Најави
Награда на Светскиот самит за информатичко општество
Изборот на Наградата за Светскиот самит за информатичко општество за Македонија за 2007 година го организираше Фондацијата Метаморфозис, а го изврши независно мултидисциплинарно експертско жири преку стриктно следење на насоките дадени од организаторот на глобално ниво и спроведување на принципите на транспарентност.

Наградата на Светскиот самит е глобална иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за информатичко општество на Обединетите Нации. Процесот се одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат на секои две години и голем број национални и меѓународни конференции и работилници посветени на содржините – наречени Патувачко шоу на Наградата на Светскиот самит.

Наградата на Светскиот самит е проект кој поканува на учество и глобален центар за сите кој го гледа клучното значење на креирање одлични е-содржини во рамките на новото информатичко општество. До денес 168 земји активно се вклучени во Наградата на Светскиот самит. Нови партнери од целиот свет секогаш се добредојдени да и се придружат на оваа глобална иницијатива!
Што е дигитален јаз?
Дигиталните библиотеки, новиот начин на раскажување приказни, станаа вообичаена појава. Но, што е со луѓето кои немаат пристап до интернет или не зборуваат англиски? Што е со луѓето кои не ни знаат што значат зборовите „мрежа“ или „интернет“? Не, проблемот не е во тоа што тие немаат компјутер. Проблемот е во тоа што тие немаат пристап до квалитетни содржини кои можат да им го променат животот.
Што е содржински јаз?
Како што светските економии се фокусираат на креирање и унапредување на технолошките производи, прашањето на содржините се смета за непотребно. Технологијата и сето она што технологијата го произведува се поврзани меѓу себе, не можат еден без друг. Сепак, „она“, сржта на сето тоа, останува само мало делче од тоа што може да биде, и тоа поради страшниот недостаток на финансии.

 
© 2008 wsa.org.mk
Powered by [Joomla!]