escort escort

Наградата на Светскиот самит за мобилни апликации - Македонија
2014
 
 
Почетна arrow Категории
Категории Испечати Е-пошта


Здравство, политика, бизнис, наука, образование, култура, како и забава – ова се најважните социјални прашања во секојдневниот живот на сите луѓе. За понатамошно унапредување на знаењето во овие полиња, луѓето низ светот, без разлика дали се богати или сиромашни, мора да имаат пристап до квалитетни е-содржини и апликации. Поради тоа, Наградата на Светскиот самит се доделува за следните категории:

 

1. e-владеење и институции

Поголеми овластувања на граѓаните и во служба на корисниците на јавните услуги. Унапредување на квалитетот и ефикасноста на размената на информации и комуникациските услуги во владините процеси и процесите на јавната администрација. Јакнење на граѓанското учество во донесувањето одлуки од областа на информатичкото општество.


2. е-здравство и животна средина

Развој на модел на здравствена заштита насочен кон корисниците во кој чинителите можат да соработуваат, да ги користат информатичките и комуникациските технологии (ИКТ), вклучително и интернетот, за да ги решат проблемите во здравството и здравствениот систем.


3. е-учење и образование

Во прилог на потребите на луѓето кои учат за унапредување на нивните знаења и вештини за сложениот свет кој тежнее кон глобализација. Трансформирање на училиштата, универзитетите и другите образовни институции преку интерактивни, операционализирани и дистрибуирани ресурси за учење. Креирање активни заедници за е-учење и модели и решенија за корпоративни обуки и поддршка на првите чекори во областа на мултимедијалните содржини.


4. е-забава и игри 

Понуда на дигитализирани производи и услуги. Забава за корисникот во оваа разновидност на јазици и културна разновидност низ светот. Поддршка од еднонасочни кон двонасочни движења, од еден кон повеќе играчи, интерактивна забава и синергија меѓу аналогни и дигитални платформи.

 

5. е-култура и наследство

Зачувување и претставување на културното наследство земајќи ги предвид предизвиците што ги носи иднината. Јасно и информативно претставување на културното наследство преку користење на најмодерна технологија.


6. е-наука и технологија

Поттикнување на глобална соработка во клучните научни области и новата генерација на инфраструктура којашто ќе го овозможи тоа. Обезбедување мерки за промоција и претставување на научните процеси и нивна достапност до граѓаните. Научни проекти изразени преку нови медиуми.


7. е-бизнис и трговија

Поддршка и оптимизирање на бизнис-процесите. Креирање на нови бизнис-модели во е-трговија и м-трговија, бизнис-и-бизнис, бизнис-и-клиенти, безбедност на интернет и други области. Поддршка на мали и средни претпријатија на пазарот.


8. е-вклучување и учество

Сите мерки кои поддржуваат ИТ интеграција на најмалку развиените земји во информатичкото општество. Намалување на дигиталниот јаз меѓу технологијата – заедници и групи кои се и кои не се технолошки вклучени – како што се рурални области и жени. Премостување на тој дигитален јаз преку мултимедијални содржини.

 
© 2017 wsa.org.mk
Powered by [Joomla!]

Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com
generic viagra cialis levitra cheap
how to buy viagra in canada online
prednisone online kopen
cialis one day online
levitra generico vendita online
where to buy viagra nz
prednisone purchase canada
cheap viagra cialis levitralevitra generico vendita onlinewhere to buy viagra nzprednisone purchase canadacheap viagra cialis levitra