Награда на Светскиот самит за информатичко општество - Македонија 2009
 
 
Почетна - за WSA arrow WSA Macedonia 2007 arrow Вести arrow Одржан првиот состанок на жирито за НСС - Македонија
Одржан првиот состанок на жирито за НСС - Македонија Испечати Е-пошта
На 23 април 2007 година во Детскиот театарски центар во Старата чаршија во Скопје се одржа првиот состанок на жирито за Наградата на Светскиот самит за информатичко општество за Македонија.

Целта на состанокот беше почеток на заедничката работа преку договарање детална агенда и утврдување транспарентни процедури за решавање на конкретни прашања во текот на оценувањето.

Мултидисциплинарното жирито е составено од четиресетина стручни лица кои доаѓаат од образовниот, приватниот, државниот и граѓанскиот сектор и се занимаваат со развој на е-содржини и изградба на информатичко општество. Членовите на жирито се групираа во комисии за секоја од осумте категории на НСС.

На состанокот беше утврден следниот распоред за наредните активности
  • 11 мај за одржување на јавната трибина на тема „Промоција на Македонија во светот преку е-содржини“ (Културен центар „Точка“ во 11 часот)
  • 31 мај како краен рок за пријавување на проекти-кандидати
  • 05 јуни за одржување на оценувањето на пристигнатите решенија
 
< Претходно
© 2010 wsa.org.mk
Powered by [Joomla!]