escort escort

Наградата на Светскиот самит за мобилни апликации - Македонија
2014
 
 
Почетна arrow WSA Macedonia 2007 arrow Вести arrow Одржана трибината „Промоција на Македонија во светот преку е-содржини“
Одржана трибината „Промоција на Македонија во светот преку е-содржини“ Испечати Е-пошта
На 11 мај 2007 година во културниот центар Точка се одржа трибината „Промоција на Македонија во светот преку е-содржини“. Целта на трибината беше да се споделат информации за минати искуства и идни можности во оваа област, особено во рамките на натпреварот за Наградата на Светскиот самит за информатичко општество за Македонија, наменет за промовирање на најдобрите македонски дигитални содржини во светот.

tribina_wsa.jpgТрибината ја отвори Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис кој го претстави концептот на Наградата за светскиот самит за информатичко општество.

Воведничари на трибината беа Гоце Дртковски од НИК Лист кој го претстави мултимедијалниот ЦД-ром „Сликарски висови“, Саша Гавриловиќ кој го претстави веб-порталот „Експлоринг Маседониа“ и Кире Трајковски, директор на Семос мултимедија, кој го презентираше мултимедијалниот ЦД-ром „Енциклопедија Македоника“.

Гоце Дртковски го објасни целиот процес на изработка на „Сликарски висови“ и ги претстави содржините на ЦД-ромот. Светската промоција на „Сликарски висови“ била во Њујорк и е задоволен од приемот во светот, особено што и „Сони“ го има вклучено во изложбата на значајни проекти во нивното европско седиште.

При презентацијата на веб-порталот „Експлоринг Маседониа“, Саша Гавриловиќ потенцираше дека целта на сајтот е да го претстави македонскиот туризам на интернет. На порталот веќе се претставени околу 160 фирми, а порталот има околу 200 000 гледања на страници (page views) месечно. Исто така, најави дека веќе од следната недела преку порталот ќе може да се резервираат соби во хотелите и ќе може авансно да се плаќа.

Кире Трајковски го презентираше четвртото издание на мултимедијалниот ЦД-ром „Енциклопедија Македоника“. „Енциклопедија Македоника“ нуди голем број информации за Македонија, од областа на културата, уметноста, државното уредување, туризмот и др.

По воведните излагања следеше дебата во која учествуваа присутните.
Афродита Гоцевска од Визија нет праша колку младите се запознаени со презентираните проекти и какво влијание имаат?

Гоце Дртковски информираше дека „Сликарски висови“ секаде во светот е оценето како врвно издание и секој што сака да научи за византискиот период може да го стори тоа со помош на ЦД-ромот. Влијанието е воглавно во научните кругови, а младите луѓе кои го користат се воглавно студенти. Саша Гавриловиќ потенцираше дека според истражувањата интернетот претежно го користат млади луѓе, што се одразува и на структурата на посетители на порталот. Тој додаде дека според содржините на порталот целната публика е мешовита, а нагласи дека хотелиерите не се свесни што добиваат. Кире Трајковски одговори дека производот е наменет претежно за млади и повеќето од корисниците се млади луѓе.

Борче Маневски, експерт за медиуми од Мисијата на ОБСЕ во Скопје праша дали и колку мултимедијалните ЦД-ромови се продаваат во странство, на што Кире Трајковски одговори дека „Енциклопедија Македоника“ се продава во странство, но продажбата е незначителна, додека Гоце Дртковски изјави дека „Сликарски висови“ се продава во Холандија без да прецизира за колкав обем се работи. Обата издавачи како значајни клиенти ги посочија фирмите и државните институции кои ги купуваат ЦД-ромовите за репрезентација на странски партнери.

Дарко Булдиовски, постдипломец на Институтот за комуникологија и блогер, праша на кој начин проектите се промовираат на интернет, особено ЦД-ромовите. Одговорот беше дека промоцијата се одвива преку информативни е-весници и банери на други веб-портали.

Дамјан Георгиевски, претставник на Слободен софтвер Македонија, праша дали ЦД-ромовите се базирани на отворени стандарди и дали можат да се отворат на секој компјутер со секој оперативен систем, на што беше одговорено дека тие се наменети само за компјутери кои користат Виндоус. На прашањето дали производителите размислувале да ги дадат производите на бесплатно користење беше одговорено дека секој проект кошта пари, и заработените пари од продажбата на производите се неопходни за да се вложат во нешто ново.

Јован Петров од Фондацијата Метаморфозис праша какво искуство имаат производителите имаат со заштитата на своите производи и дали сметаат дека е исплатливо?

Гоце Дртковски и Кире Трајковски се согласија дека е исплатливо да се вложи ви заштита на производите, но презентираа различни искуства. Гоце Дртковски рече дека „Сликарски висови“, за жал, може да се најде во пиратска верзија, но таа не ги нуди сите предности како легалната, додека Кире Трајковски се пофали дека последната верзија на „Енциклопедија Македоника“ е во продажба повеќе од една година и сè уште не е пробиена нејзината заштита, а заштитата е дело на фабриката на „Сони“ во Австрија каде што ЦД-ромот е печатен.

Дамјан Георгиевски забележа дека ако припадниците на византиската цивилизација и другите автори за кои дела зборуваат ЦД-ромовите ги користеле системи за заштита од „пиратство“ како денешниве, меѓу кои и ДРМ, современиве издавачи, вклучително и присутните, не би можеле да ги направат претставените ЦД-ромови.

Владо Апостолов, новинар на „Шпиц“ и блогер, праша за некое конкретно достигнување во однос на промоцијата, на што Саша Гавриловиќ потенцираше дека некои работи е тешко да се следат, особено кога се работи за веб-портал, а Гоце Дртковски кажа дека „Сликарски висови“ се користи како алатка за лобирање за вклучување на македонски икони на престижни изложби во светот, при што најсвеж пример е подготовката на изложба на византиска уметност во во Холандија која е во тек.

Тони Пајдаков од Здружението на слепи лица од Велес иницираше дебата околу цената на ЦД-ромовите и колку таа е соодветна за македонскиот пазар. Имаше спротивставени ставови од тоа дека цената е превисока и дека македонските граѓани, особено учениците и студентите не можат да си ги дозволат, до тоа дека се работи за комерцијални изданија во кои се вложени многу средства кои треба да се вратат. Беше предложено дека треба да се разгледаат можностите што ги нуди интернетот како алтернатива на постојните дистрибутивни мрежи, па и објавувањето на дел од содржините на Википедија, што би служело како пренасочувач кон нивните веб-сајтови.

Издавачите изјавија дека за намалување на продажната цена на делата им се потребни субвенции од државата и дека и во интерес на задржување на реномето е важно да се држи цена, со која, според Дртковски, на муштериите им се укажува на вредноста на делото. При тоа, Кире Трајковски изнесе податок дека поефтините, субвенционирани изданија на Семос мултимедија како „Македонската уметност и култура во 20 век“ се продаваат во помал обем од поскапата „Македоника.“ Сепак, тие ја користат секоја прилика за нудење попусти, на пример за зимските празници.

Трибината заврши со нагласување на потребата од поголеми знаења и кај издавачите за новите можности што ги нуди интернет и дигиталните технологии, но и особено за дигање на свеста на публиката и сите општествени фактори за значењето на ваквите производи и иницијативи. Дел од учесниците ја искористија можноста за иницирање понатамошна заедничка соработка.

Извор: Метаморфозис, 14.05.2007 .

 
< Претходно   Следно >
© 2017 wsa.org.mk
Powered by [Joomla!]

Order Cheap Sildalis Online
Buy Cheap Viagra Super Active Online
Buy Cheap Viagra Super Active Online
Buy Cheap Clomid Online
Order Cheap Brand Cialis Online
Buy Cheap Cialis Black Online
Buy Cheap Viagra Super Active Online
generic viagra cialis levitra cheap
how to buy viagra in canada online
prednisone online kopen
cialis one day online
levitra generico vendita online
where to buy viagra nz
prednisone purchase canada
cheap viagra cialis levitra
Buy Cheap Viagra Super Active Online
Buy Cheap Viagra Super Active Online
Buy Cheap Clomid Online