Награда на Светскиот самит за информатичко општество - Македонија 2009
 
 
Почетна - за WSA arrow WSA Macedonia 2007 arrow Пријавени кандидати arrow е-учење arrow Вики за слободен софтвер
Вики за слободен софтвер Испечати Е-пошта

Организација: Лугола
Производ/проект: Вики за слободен софтвер
Категорија: е-учење

Краток опис: Вики за слободен софтвер е база со знаење за корисници на слободен софтвер. Содржи информации за почетни и напредни корисници на слободен софтвер, како и енциклопедиски податоци.

Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?
- Упатства и Водичи за работа со слободен софтвер, енциклопедиски содржини со информации за слободен софтвер, лица кои работат на промовирање и развој на слободниот софтвер и сл. Исто така се опфатени и проблемите на авторските права, отворените стандарди и слободните формати.


Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?
- Корисници на слободен софтвер и тие кои имаат потреба од знаења поврзани со слободниот софтвер, авторските права кои го ослободуваат конзуматорот и корисниците на слободни стандарди и отворени формати, ги искористуваат благодетите на овој сајт за добивање на информации од оваа слободна база на знаење.


На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?
- Го помага развојот на слободниот софтвер и им помага на крајните (или напредните) корисници да дојдат до бараното решение/цел.


Која е целната публика на производот/проектот?
- Од гледна точка на Упатства и Водичи, тоа се корисници (крајни или напредни без разлика) на слободен софтвер, од Енциклопедиски аспект публика се сите на кои им се потребни иформации за слободна култура (со акцент на слободниот софтвер)


На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?
- Македонски


Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?
- Употребливост е запазена и произлегува од користењето на Wiki синтакса. Тоа што може да се види на екциклопедиски сајтови како Википедија и сл. е применето и на овој сајт. Користен е Вики енџинот MediaWiki. Употребливоста исто така вклучува брз начин за пребарување на конкретни податоци и поврзување со други надворешни ресурси. Запазени се и употреблици и search-engine friendly URL-а за содржините.


Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?
- Севкупната содржина што е објавена на овој сајт е под капата на Free Documentation License со што се дава право на секого да ја менува/подобрува или редистрибуира содржината.Целиот сајт функционира на слободен софтвер (Unix+Apache+Php+Mysql).


На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?
- Повеќеплатформско решение (веб сајт/интерфејс)


Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според стандардите на В3Ц?
- Да, „Вики за слободен софтвер“ е W3C валиден сајт (This Page Is Valid XHTML 1.0 Transitional!)


Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?
- Сеуште немаме адаптирана верзија за ваков тип на употребливост

 
< Претходно   Следно >
© 2010 wsa.org.mk
Powered by [Joomla!]