Награда на Светскиот самит за информатичко општество - Македонија 2009
 
 
Почетна - за WSA arrow WSA Macedonia 2007 arrow Пријавени кандидати arrow е-забава arrow Блогот на Андреев Горан
Блогот на Андреев Горан Испечати Е-пошта

Автор: Горан Андреев
Производ/проект: Блогот на Андреев Горан
Категорија: е-забава

Блог за музика, игри, софтвер, хардвер, занимливости. мобилна телефонија, Велес, Интернет, Македонска блогосфера, Open Source и друго.

Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?
- Технологија во која што се опфатени теми од областа на технологијата, Мобилна технологија во која што се опфатени содржини од областа на мобилните телефони и комуникации, Софтвер и Open Source во кој што се опфатени презентации на бесплатен софтвер и Open Source проекти, Видео клипови во кој што се презентираат интересни видео клипови од сервисите како што се Google Video и Youtube, Музика во која што се презентираат песни од македонски изведувачи а исто така и од странски, Македонска блогосфвера каде што се презентираат еднаш неделно најдобрите написи од најактуелните македонски блогери, а исто така се презентираат и блогови на нови македонски блогери, Велес категорија во која што презентирам случувања од мојот роден град Велес, Занимливости и Хумор во кој што се презентираат интересни занимливости и вицеви, Хардвер во кој што се презентираат најнови хардверски достигнувања од областа на технологијата, Интернет каде што се презентираат корисни веб сајтови.


Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?
- Досегашните ефекти од проектот се развој на македонската блогосвера, помош на други блогери кои се почетници во македонската блогосфера.


На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?
- Проектот има големо значење за развојот на македонската блогосфера, и е еден од првите македонски блогови во македонската блогосфера.


Која е целната публика на производот/проектот?
- Целната публика на проектот се македонските блогери, а и сите останати посетители бидејќи самиот блог има забавен карактер.


На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?
- Содржините на проектот се достапни претежно на Македонски јазик, а делумно на истите и на Англиски јазик.


Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?
- Да.


Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?
- Не.


На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?
- Проектот е компатибилен со сите верзии на оперативниот систем Windows, и Linux.


Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според стандардите на В3Ц?
- Да проектот ги исполнува критериумите за пристапност според стандардите на В3Ц.


Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?
- Проектот не е погоден за користење од страна на лица со хендикеп.

 
< Претходно
© 2010 wsa.org.mk
Powered by [Joomla!]