Награда на Светскиот самит за информатичко општество - Македонија 2009
 
 
Почетна - за WSA arrow WSA Macedonia 2007 arrow Пријавени кандидати arrow е-здравство arrow Детско здравје
Детско здравје Испечати Е-пошта

Организација: НО „Детска насмевка“
Производ/проект: Детско здравје
Категорија: е-здравство

Краток опис: „Детско здравје“ е дигитална библиотека на авторитетни стручно проверени и локално релевантни здравствени информации наменети за едукација на пациентите/родителите, но и за едукација на луѓето од пошироката заедница. Овие здравствени информации се авторизирани од страна на познати педијатри- експерти во различни области на медицината, и се напишани на двата јазика со кои се служи најголемиот број од населението во земјата- македонскиот и албанскиот. За исклучително големиот интерес зборува бројот од 120.000 посетители во тек на двегодишното постоење.

 

Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?

  • На веб страницата „Детско здравје“ се сторнирани повеќе од 100 здравствени текста наменети за децата, младите и целото семејство, со цел да им помогнат поздраво да живеат и подобро да се грижат за себе и за своите семејства, кога се болни.
  • Текстовите се презентирани на едноставен и јасен начин, разбирлив за децата/ родителите, напишани се на македонски и албански јазик.
  • Кредибилитетот на информациите почива на консултација на врвни медицински стручњаци.

 

Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?

  • Вкупниот број посетители во тек на двогодишното постоење изнесува над 110.000 ( извештаи од веб статистиката).
  • Коментарите кои ги испраќаат корисниците на контакт адресата се позитивни, а исто така во медиумите се објавени повеќе афирмативни критики.
  • Високата посетеност укажува дека во нашата средина постои реална потреба за овој вид информации и дека нашиот сајт успешно одговарил на ваквото барање

 

На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?

  • Здравствената просветеност на населението е важен фактор во превенцијата на заболувањата и во борбата за промоција на здравјето на народот.
  • Во нашата земја недостасуваат квалитетни здравствени информации во пишана/др. форма, наменети за здравствена едукација на родители/деца. Недостатокот од стручно верифицирани информации допринесува родителите/децата, во своето незнаење, да станат подложни на злоупотреба од страна на разни надрилекари и непроверени информации.
  • Нашиот сајт допринесува за намалување на бариерите, овозможувајќи здравствена едукација преку интернет „за сите“ анонимно и бесплатно, на македонски и албански јазик.

 

Која е целната публика на производот/проектот?

  • Потенцијални корисници се сите граѓани на Р. Македонија- но и пошироко во регионот (македонско и албанско говорно подрачје), кои имаат персонални компјутери и достап до интернет.
  • Специфично сајтот е наменет за:
  • Деца кои боледуваат од различни заболувања и нивните родители
  • Тинејџери и адолесценти
  • Деца и возрасни од општата популација

 

На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?

  • Македонски и албански

 

Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?

Да, употребени се основните правила за организација на содржините и корисничкиот распоред.

  • Написите се лесно достапни преку „пул даун бокс“ во кој се вметнати имиња на темите што ги обработуваат.Секој напис е поделен на секции, до кои може да се дојде преку кратка содржина на врвот на страницата, што придонесува за издигање на нивото на употребливост.
  • Главните навигациски линкови, како што се За нас, Партнери, Контакт ..., се наоѓаат секогаш најдоле десно и секогаш се на исто место видливи, што овозможува брзо враќање на насловната страна.
  • Логото на сајтот секогаш е во горниот лев агол.
  • Сајтот поседува вграден бројач ( најдоле лево), за регистрирање на бројот на посетителите.

 

Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?

  • За самото полнење на содржините не користиме отворен стандард, , додека користењето, односно прегледувањето на веб страницата е отворено за сите Интернет прегледувачи (Internet browsers)

 

На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?

  • Било кој Интернет прегледувачи (Internet browsers)

 

Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според стандардите на В3Ц (World Wide Web Consortium, www.w3c.org )?

  • Да

 

Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?

  • Не
 
< Претходно
© 2010 wsa.org.mk
Powered by [Joomla!]