|
Организација: Визијанет (поддржано од Фондација Метаморфозис)
Производ/проект: Едукативен ЦД-РОМ Бојан и Јана во светот на игрите
Категорија: е-учење
Kраток опис: Темите кои се интегрирани во овој проект, се специјално дизајнирани да им помогнат на децата да се стекнат со предшколско знаење од областа на јазикот - азбука, препознавање на букви во збор, нумерација - бројки, броење, комбинаторика на броеви, препознавање на форми, учење на бои, моторика, координативни движења рака и око, звуци, инструменти, indoor и outdoor елементи итн. Наменет е за предшколска возраст: нулта група. Кратка презентација на дел од игрите од проектот може да проследите на адресата www.vizijanet.con/uciiigraj.
Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?
- Темите кои се интегрирани во овој проект, се специјално дизајнирани да им помогнат на децата да учат.
Проектот презентира игри/задачи од областа на јазикот - азбука, препознавање на букви во збор, нумерацијата - бројки, броење, комбинаториката на броеви, препознавање на форми, учење на боите, моторика, координативни движења рака и око, звуци, инструменти, indoor и outdoor елементи итн.
Во почетокот на секоја игра/задача има кратко упатство, помош, претставено во говорна и визуелна форма. Низ игрите има водич кој ги придружува децата. Водичот е волшебникот Маго, кој на децата им дава ентузијастички награди доколку одговорат на зададената задача точно, и поддржувачки коментари доколку децата направат грешка.
Во насока да го задржиме вниманието на детето, во проектот се инкорпорирани анимации во боја, звучни ефекти, музика, нарација, и гласови на ликови застапени во проектот.
Во проектот свое учество земаа професори и педагози со цел да се одреди точната тежина на задачата и начинот како таа да се презентира пред децата, да биде интересна за играње, со интенција да се помогне на децата едноставно и лесно да се здобијат со предшколско образование а од друга страна да се поддржи образовниот систем на Р.Македонија.
Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?
- Проектот ги користи потенцијалите на детето самостојно да научи да чита букви, брои итн.,
- Преку feedback – от во релано време т.е дали играта/задачата е точно решена или не, развива способност за учење од грешки и неповторување на истите, што резултира во брзо учење и напредување
- Проектот е корисен и за родителите и наставниците, тие можат заедно да играат со децата за да им помогнат на децата да го премостат стравот и недоволниот интерес за учење
На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?
- Проектот помага во развивање на методиките на предавање и приближување на децата до компјтуерските технологии, како добра основа во понатамошното школување.
- Едукативните интерактивни игри продуцираат генерации со подобри IQ, перфораманси во учењето, open-minded, прогресивни итн.
Која е целната публика на производот/проектот?
– предшколска возраст - нулта група
На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?
- на македонски јазик
Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?
- Да, организацијата на навигациската структура ЦД-ромот е јасно претставена (употрeбени се и аудио/визуелни упатства за користење), се со цел лесно и едноставно движење низ содржините на ЦД-РОМ-от.
Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?
- не
На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?
- Windows XP, Linux.
Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според
стандардите на
В3Ц?
- Содржините се дистрибуираат на ЦД-РОМ.
Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?
- За некои групи на лица со хендикеп, да, но бидејќи содржините на ЦД-РОМ-от се аудио/визуелни, не би можеле да ги користат слепи лица.
|