|
Организација: Комитет за превод и јазични права на Интернационалниот П.Е.Н.
Производ/проект: Разноликост
Категорија: е-култура
Краток опис: Повеќејазична електронска едиција на поезија, проза и есеистика. Слободен пристап до творештвото на светски автори. Двојазичен интерфејс (македонски, англиски) и повеќе јазични преводи. База на автори и преведувачи.
Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?
- Детали за автори на поезија, проза и есеистика;
- Детали за преведувачите на авторските дела;
- Дедали за делата и нивните преводи, дел или комплетната содржина на делата;
- Детали за Комитетот за превод и јазични права на Меѓународниот ПЕН, неговите активности, проект, податоци за неговите соработници;
Kои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?
- Промоција на проектот Diversity, македонски и светски литературни автори и преведувачи како и нивните дела;
На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?
- Со збогатување на содржините на македонски јазик на веб;
- Со ангажирање на ИТ кадарот за изготвување на техничкото решение се овозможува тој да се здобие со дополнително искуство кое во понатамошното работење влијае позитивно на квалитетот на изработените решенија, а со тоа придонесува и во развојот на информатичкото општество;
Која е целната публика на производот/проектот?
- Целната група е целата ПЕН Меѓународна организација (Меѓународно здружение на поети, есеисти и новелисти), а и сите литературни автори и преведувачи вон организацијата. Организацијата ПЕН има 141 ПЕН Центри низ светот .
- ПЕН Организацијата има и пет комитети од кои еден е во Македонија. Систе членки на македоснкиот комитет се посетители на вебсајтот на Резноликост. (ги има 59 центри низ светот)
На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?
- Интерфејсот на сајтот е на два јазика Македонски и Англиски.
- Вклучувајќи ги и делата на авторите и нивните содржини кои се публикувани на вебсајтот, биографиите и библиографиите на авторите и преведувачите, листата на јазици на кои се објавени содржини на вебсајтот на Разноликост се проширува на поголема листа јазици од кои некои се: француски, хрватски, италијански, португалски, шпански, курдски, турски, германски, словачки, јапански, бугарски и норвешки;
Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?
- Не
Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?
- Решението не се заснова врз отворени стандарди;
На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?
- Производот веќе се користи на Windows ОС;
- Не е исклучено со некои дополнителни интерпретери кои ги има и се промовирани низ светот да може да се хостира и на Linux;
Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според
стандардите на
В3Ц?
- Не
Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?
- Не
|