Награда на Светскиот самит за информатичко општество - Македонија 2009
 
 
Почетна - за WSA arrow WSA Macedonia 2007 arrow Пријавени кандидати arrow е-учење arrow Мултимедијален курс за програмата Adobe Photoshop CS
Мултимедијален курс за програмата Adobe Photoshop CS Испечати Е-пошта

Организација: „АНИМА“ ДООЕЛ
Производ/проект: Мултимедијален курс за програмата Adobe Photoshop CS
Категорија: е-учење

Краток опис: Мултимедијален курс на македонски јазик за Adobe Photoshop CS, основно ниво. На 6.10.2005 е пријавен во Македонска Авторска Агенција под реден бр. 930, а курсот има ISBN бр. 9989-2637-8-7.




Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?
1. Движење по работната површина: Почеток со Photoshop CS, Користење алатки во Photoshop CS, Користење менија, Користење дијалози, Палети и нивно избирање, Преместување палети, Ресетирање палети, Користење палети, Раздвојување палети, Палета со алатки, Лентата Options, Прикривање и прикажување елементи на екранот, Кратенки за тастатура, Исклучување на Photoshop
2. Работа со датотеки: Креирање нова датотека, Отворање постоечка датотека, Импортирање слика, Зачувувување датотеки, Зачувување во друг формат, Затворање датотека, Прегледувач на датотеки, Обработување датотеки, Означување и отворање слики, Пребарување датотеки
3. Додавање содржина со алатки: Избирање бои, Избирање бои од слики, Работа со алатки за боење Боење со Paintbrush, Боење со молив, Боење со Airbrush (спреј), Цртање линија, Цртање правоаголник, кружни и други форми, Менување димензии на објекти, Ротирање објекти, Закосување објекти, Искривување објекти, Додавање перспектива, Креирање текстуални слоеви, Искривување текст, Внесување текст по произволна линија, Составување нови четкички, Отворање палета со четкички и нивно бришење, Користење произволна четкичка, Зумирање и одзумирање
4. Селектирање содржина на слика: Селектирање правоаголник, Селектирање елипса, Селектирање редица или колона, Користење на алатката ласо, Селектирање многуаголник, Користење на алатката Magnetic Lasso, Алатката Magic Wand (Магично стапче), Селектирање по опсег на бои, Дотерување на селекција, Отстранување селекција
5. Работа со селекции: Бришење селекции, Преместување селекција, Трансформирање селекција, Менување на границата на селекцијата, Израмнување на селекцијата, Проширување или стеснување селекција, Зачувување селекција, Внесување селекција, Откажување промени
6. Користење алатки за позиционирање: Прикажување и прикривање порамнувачи (Grids), Прикажување и прикривање линијари (Rulers), Употреба на наредбите Snap и Snap To, Насочувачи (Guides), Заклучување на насочувачите, Отстранување насочувачи
7. Работа со слоеви: Креирање слоеви, Селектирање слоеви (layers), Удвојување слоеви (layers)
Копирање слоj помеѓу слики, Додавање слоj за пополнување, Бришење слоj, Групирање и дегрупирање на слоеви
Порамнување на слика
8. Разновидност со помош на маски: Менување на опциите на Quick Mask, Употреба на маски за дотерување на селекција, Креирање маска на слој, Употреба на селекција од еден слој како маска за во друг, Прегледување маски, Активирање маски, Оформување дел од слика (Cropping), Додавање филтер, Пребојување дел од слика
9. Употреба на патеки: Давање форма на патеката, Правење “пенкало“ патека, Правење патека со произволна форма, Прегледување и менување патека, Пополнување или обојување патека
10. Употреба на алатки за обработка: Замаглување површини, Додавање ефект Smudgе на површината, Изострување на површината, Употреба на бришач, Употреба на бришач за позадината, Употреба на магичен бришач, Додавање градиент
11. Работа со големина и насока на слика: Издвојување дел од слика (Crop), Менување големина на слика, Менување големина на работната површина, Ротирање на работната површина
12. Додавање филтри: Преглед на филтрите, Галерија на филтри, Додавање филтри, Избледнување на ефектот на филтрите


Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?
- Фитбекот од корисниците за овој современ начин на учење е позитивен и охрабрувачки.


На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?
- Со овој курс уште повеќе се зголемува популарноста за примената на ИТ во секојдневниот живот

Која е целната публика на производот/проектот?
- Првенствено почетници во користење на најпопуларната програма за работа со графика.


На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?
- Македонски јазик.

Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?
- Едноставниот кориснички интерфејс придонесува корисникот без проблем да го користи производот.


Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?
- Производот не се заснова на отворени стандарди и е заштитен од копирање.


На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?
- На сите Windows OS

Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според стандардите на В3Ц?
- Да.

Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?
- Производот може да го користат слепи лица (со слушање) и глувонеми лица (со гледање/читање текст)

 
< Претходно   Следно >
© 2010 wsa.org.mk
Powered by [Joomla!]