Награда на Светскиот самит за информатичко општество - Македонија 2009
 
 
Почетна - за WSA arrow WSA Macedonia 2007 arrow Пријавени кандидати arrow е-учење arrow Интернет - Информации и комуникации
Интернет - Информации и комуникации Испечати Е-пошта

Организација: „АНИМА“ ДООЕЛ
Производ/проект:Интернет - Информации и комуникации
Категорија: е-учење

Краток опис: Станува збор за мултимедијален курс на македонски јазик за сите интернет почетници, направен според водечката светска програма за сертификација ECDL. На 6.10.2005 е пријавен во Македонска Авторска Агенција под реден бр. 930, а курсот има ISBN бр. 9989-2637-6-0.

Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?

1. КОНЦЕПТИ И ИЗРАЗИ  Разлика помеѓу интернет и www  Основни поими  Структура на веб адресите  Веб пребарувач и алатки за пребарување  Cache и cookies
2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ  Заштита на веб страници  Дигитални сертификати  Енкрипција  Заштита од вирусна инфекција  Измами со кредитни картички  Што е firewall?
3. ПРВИ ЧЕКОРИ СО ВЕБ ПРЕБАРУВАЧОТ  Отворање и затворање веб пребарувач  Менување почетна страница  Приказ на нов прозорец  Прекинување на преземањето Освежување на веб страница  Добивање помош Користење вградени ленти со алатки Прикривање веб слики  Наоѓање претходно посетени URL локации
4. ВЕБ НАВИГАЦИЈА  URL Користење линкови  Сурфање на интернет  Покажувачи и означување страници  Користење означувачи  Означување папка  Додавање означувачи на папка  Бришење означувачи
5. ВЕБ ПРЕБАРУВАЊЕ И ПЕЧАТЕЊЕ  Најпопуларни пребарувачи  Пребарување по фраза или по клучен збор  Критериуми за пребарување  Копирање веб содржини во документ  Зачувување веб страница  Преземање датотеки  Менување ориентација на страница  Менување маргини  Печатење
6. ОСНОВЕН КОНЦЕПТ НА И-МЕЈЛОТ  Структура на и-мејл адреса  Предности на и-мејлот  И-мејл етика  Мерки за безбедност  Добивање вирус преку и-мејл  Добивање вирус преку и-мејл
7. КОРИСТЕЊЕ И-МЕЈЛ  Отворање и затворање и-мејл апликација  Отворање поштенско сандаче Отворање и затворање пораки  Движење помеѓу отворени пораки  Добивање помош  Наслови и вградени ленти со алатки  Читање пораки  Маркирање пораки  Отворање и зачувување прикачени документи
8. ОДГОВОР НА ДОБИЕН И-МЕЈЛ  Користење на опциите Reply и Reply All  Одговор на порака со и без оригиналната порака  Креирање и праќање порака  Внесување адреса  Копирање за други примачи  Внесување наслов  Проверка на правопис  Додавање датотеки (Аttachment)  Определување приоритет  Користење листа за дистрибуција
9. ОБРАБОТКА НА ПОРАКИ  Копирање текст од порака  Вметнување текст во порака  Бришење текст  Бришење прикачен документ
10. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПОРАКИ  Организирање датотеки  Адресар и креирање нови адреси Додавање адреса во листата на адреси  Бришење и-мејл адреси од листата со адреси  Ажурирање на вашиот адресар  Пребарување пораки  Креирање нов именик за пошта  Пренесување пораки Сортирање пораки  Бришење и реставрирање пораки  Празнење на папката Deleted Items Преглед и печатење пораки


Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?
- Фитбекот од корисниците за овој современ начин на учење е позитивен и охрабрувачки.

На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?
- Со својата предност да биде употребен кога ќе се појави потреба за помош при користење интернет.

Која е целната публика на производот/проектот?
- Првенствено почетници, но може да биде од полза и на сите други кои употребуваат интернет.

На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?
- Македонски јазик. Албанската верзија е во подготовка.

Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?
- Едноставниот кориснички интерфејс придонесува корисникот без проблем да го користи производот.

Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?
- Производот не се заснова на отворени стандарди и е заштитен од копирање.

На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?
- На сите Windows оперативни системи.

Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според стандардите на В3Ц?
- Да.

Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?
- Производот може да го користат слепи лица (со слушање) и глувонеми лица (со гледање/читање текст)

 

 
< Претходно   Следно >
© 2010 wsa.org.mk
Powered by [Joomla!]