|
Автор: Елизабета Секирарска
Производ/проект: Професионален блог на еден наставник
Категорија: е-учење
Краток опис: Блогот е замислен како средство за модерна комуникација со учениците и наставниците и подразбира широк спектар на воспитно-образовни теми.Се толкува како обид за осовременување на контактите на релација наставник-ученик и надминување на присутнуте стереотипи во образованието.
Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?
е-учење,е-вклучување, е-информирање, е-контакт во сферата на воспитно-образовниот процес
Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?
- секојдневно интернет присуство, размена на мислења, интерактивен контакт на релација наставник-ученик , наставник-наставник и наставник-родител преку постови кои предизвикуваат дискусија и употреба на линкови со конкретни образовни и воннаставни содржини
На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?
- Прави напор да се надминат стереотипите кои подолго време опстојуваат во наставата, а кои сеуште подразбираат екс-катедра пристап, традиционализам во контактот, користење на авторитетот како инструмент за дисциплинирање, а не како механизам за будење на креативноста и подигањето на мотивацијата кај учениците
Која е целната публика на производот/проектот?
- Сите непосредни и посредни учесници во воспитно образовниот процес кои тежнеат кон посериозни промени и предизвици во учењето, разбирањето на иснституцијата училиште, негувањето на здрав контакт на релација ученик-наставник-родител
На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?
- Блогот е англиско-македонски
Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?
- Секако, ако се знае дека ваквиот контакт генерално подразбира употреба на постови, во техничка смисла нема никакви потешкотии за користење на истите. Едноставни се и лесно разбирливи.
Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?
- Користен е отворениот, лесно достапен и бесплатен сервис за блогирање.
На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?
- Не постојат ограничувања од ваков тип. Доволен е било кој оперативен систем со интернет пристап
Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според
стандардите на
В3Ц?
- Ако се земе во предвид сериозноста на услугата на blogger.com, стандардите се исполнуваат индиректно
Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?
- За жал, во моментов, не. Природата на блогот засега тоа не го дозволува
|