Награда на Светскиот самит за информатичко општество - Македонија 2009
 
 
Почетна - за WSA arrow WSA Macedonia 2007 arrow Пријавени кандидати arrow е-учење arrow Мултимедијално ЦД на виртуелна училишна компанија
Мултимедијално ЦД на виртуелна училишна компанија Испечати Е-пошта

Организација: Виртуелна училишна компанија - Еделвајс
Производ/проект: Мултимедијално ЦД на виртуелна училишна компанија
Категорија: е-учење

Краток опис: ВУК Еделвајс е присутна на интернет, како интерактивен модел на односот на учениците кон нивната идна професија. Наставникот тука е домаќин и организатор кој ги обединува и насочува Тие, учениците сами градат содржини, ги додаваат и коментираат. Така навистина учат! Учат како е во вистински свет... светот на бизнисот
Активни се блогот и интернет страницата на компанијата, неа ја создадоа и ажурираа самите ученици според насоки на координаторот-наставник.
Годинава издадовме интерактивно мултимедијално ЦД кое ги обедини нашите досегашни активности на еден модерен визуелен и допадлив начин (ЦД-то може да го добие секој заинтересиран за нашата работа).  <br />Заб. Училишната компанија постои 3 години (3 генерации од по 16 ученика) во рамките на СЕА проектот.


Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?
 е-учење,е-вклучување, е-информирање, е-контакт  со училишна компанија од виртуелен тип чиешто работење е претставено преку различни електронски содржини

 

Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?
- Служи за современ интерактивен приказ на 3-годишното работење на компанијата  и со тоа го проширува полето на комуникацијата меѓу компаниите од ист тип

 

На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?
-    Прави напор да се надминат класичните и вообичаени модели на прикажување на достигањата во работењето и обединува повеќе медиуми на едно место

 

Која е целната публика на производот/проектот?
-    Сите непосредни учесници во воспитно образовниот процес кои преферираат новини во проектните активности, особено вклучените во СЕА проектот кој делува низ мрежата на средните училишта во Македонија

На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?
-    ЦД-то е на македонски јазик

Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?
-    Во техничка смисла нема никакви потешкотии за користење на ЦД-то. Едноставно прикажан  систем на мени-а  кој лесно го води корисникот кон содржините,лесно разбирлив.

Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?
-    Веројатно, да, за креирање на некои од мутимедијалните содржини


На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?
-    ЦД-то е Windows и Linux компатибилно.

Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според стандардите на В3Ц?
-    Содржините се креирани со стандардни алатки

Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?
-    За жал, во моментов, не. Природата на ЦД-то засега тоа не го дозволува

 

 
< Претходно   Следно >
© 2010 wsa.org.mk
Powered by [Joomla!]