|
Организација: Мартекс, Друштво за транспорт и шпедиција, ДOOЕЛ
Производ/проект: Каде вечер
Категорија: е-забава
Краток опис: Веб портал за ноќен живот, чија цел е преку искористување на придобивките од информационите технологии да креира и презентира мултимедијална и иновативна содржина релевантна за младата популација. Истовремено порталот се стреми да се издигне како лидер во искористување на алтернативни и инвентивни интернет маркетинг инструменти (со акцент на поединечна промотивна интеракција со посетители преку персонализиран пристап според историја на посета на страни од порталот) воведувајќи нови практики во користење на Интернетот како медиум за промотивни цели во Македонија. Порталот во иднина ќе се интегрира со принципите на Web 2.0., стремејќи се да предизвика позитивен верижен ефект на останатите портали во македонскиот веб простор.
Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?
- Порталот Каде Вечер опфаќа повеќе категории на содржини:
- Календар со настани каде посетителите можат да добијат детални информации за секојдневните настани во нашиот град.
- Дел наречен “Не биди без врска” во кој се објавуваат статии од соработници на теми релевантни за младите луѓе, како што се: Скопје навечер, Со дечко/девојка, Бон Тон + Стил, Домашна журка, Апла за сексот и Пијалоци.
- Дел наречен “Занимливости”, каде се наоѓаат детални информации за настаните во нашиот град, како и останати содржини поверани со ноќниот живот во земјава и регионот. Областите во кои се поделени содржините се: Театар, Опера, Балет, Журки, Фестивали, Дешавки, Филм, Книголенд, Домашни Дј-и, Странски Дј-и, Инвентивни локали и Девојки.
- Искрен форум – каде посетителите можат по логирање да разменуваат мислење на разни теми релевантни за младите.
- Галерија на фотографии – каде се сместени фотографии од ноќниот живот во Скопје, кои екупата на Каде Вечер ги прави во локалите низ градот.
- Мултимедиа – видео записи од настани во нашиот град, кои се направени од нашиот тим – младинската филмска продукција – Cre8ive8
- Hot or Not – дел од порталот каде има гласање за избрани фотографии, по што се рангираат во категории.
- Разговор – функционалност за интеракција помеѓу посетителите на порталот во real-time
Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?
- Порталот го има привлечено и задржано вниманието на над 3000 редовни регистрирани посетители, кои се истовремено активни во креирањето на неговата содржина, имајќи секојдневна посета околу 6000 различни посетители. Повратните информации кои ги добиваме од посетителите се позитивни и се забележува дека порталот полека станува најпознат интернет медиум за младите во Македонија.
На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?
- Иницијалното истражување на порталите од забавен карактер во Македонија покажа дека во Македонија постои многу мал процент на создавање на нови содржини и повеќето од веб порталите опстојуваат од копирање на веќе постоечка содржина во вид на актиелни видео клипови или слики, како и настани од шоу-бизнисот.
Според тоа, младите во земјава немаат достапност до содржини кои се нови, релевантни, од прва рака, потекнуваат и се однесуваат на нашата земја и кои имаат информациона вредност. Сето тоа, порталот Каде Вечер го зема за свој предизвик, стремејќи се да биде првиот портал кој објавува мултимедијални содржини од прва рака, покривајќи го ноќниот живот во нашиот град со: детален и сеопфатен календар на настани кој се менува на дневна основа, текстуални содржини од младите во Скопје поврзани со ноќниот живот, фотографии од случувањата, како и професионални видеа од настаните во нашиот град. Постои и форум за размена на мислењата, кој, се надеваме, ќе влијае на некои и ќе поттикне многу нови иницијативи во ноќниот живот во нашиот град.
Според тоа, можеме слободно да кажеме дека порталот Каде Вечер го создава бранот на нова веб содржина која ќе примора многу млади луѓе да ги користат информационите технологии за секојдневно информирање, како 24/7 медиум кој има неограничен капацитет за мултимедијално информирање, што досега се покажа во практика. Исто така се надеваме на поставување на нови стандарди за менаџирање на веб портали во Македонија.
Која е целната публика на производот/проектот?
- Најголемиот дел од посетителите на порталот се дел од урбаната млада популација на возраст од 15 до 30 години, кои воедно во најголема мера го користат Интернетот како начин за добивање на информации.
На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?
- Само на Македонски. Во иднина постои план за превод на определени делови од порталот на англиски јазик.
Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?
- Порталот неодамна доживеа комплетен концептуален редизајн, во кој целосно беа земени во обзир навиките и очекувањата на посетителите, како и многубројните повратни информации од посетителите. Порталот е поделен на јасно означени тематски подрачја, кои се лесни за навигација, преку фиксно лево мени достапно на секоја од страниците.
Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?
- Порталот е креиран во Content Management System – Joomla, користејќи најразлични компоненти и модули засновани на отворени стандарди.
На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?
- На секој оперативен систем што поддржува интернет прелистувачи.
Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според стандардите на В3Ц (World Wide Web Consortium, www.w3c.org )?
- Да, проектот ги исполнува критериумите за пристапност според стандардите на W3C.
Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?
- Проектот не е погоден за користење од страна на лица со хендикеп.
|