|
Организација: 365.com.mk
Производ/проект: www.365.com.mk
Категорија: е-забава
Краток опис: 365.com.mk е македонски вебсајт кој главно нуди содржини од најновитe технолoшки достигнувања во светот, модерниот дизајн, архитектурата и разни занимливости. Покрај овие теми, на сајтот може да се најдат и забавни содржини, хумор, музика, видеа и фотографии. Една од компонентите на сајтот е и 365 Календар. Тоа е всушност јавен календар на настани во Македонија што секој може да го уредува. Сајтот поседува и Форум со над 600 членови, галерија со преку 330 флеш игри, како и Chat за посетителите.
Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?
- Во проектот се опфатени содржини од најновите технолошки достигнувања во светот, дизајн, интернет, компјутери, софтвер, наука, култура, музика, филм, фотографија, хумор, занимливости, спорт и здравје, како и локални содржини од Македонија.
Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?
- Сеуште е рано да се зборува за ефектите од овој проект(сајтот постои 1 година), меѓутоа неговото влијание на е-заедницата во Македонија е неоспорно. Сајтот за многу кратко време доби Google PageRank вредност 5, што укажува на неговата атрактивност.
На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?
- 365.com.mk внесе нов стандард во креирањето на страници со едукативна, технолошна и забавна содржина, поместувајќи ги македонските критериуми. Преку компонентата 365 Календар посетителите може да дознаат за актуелните настани во градот(концерти, журки, свирки, изложби, радио и ТВ програми, спорт, презентации, опера и балет, театар, кино) и воедно да внесуваат свои настани, кои потоа нашите администратори ги одобруваат.
Која е целната публика на производот/проектот?
- Поради разновидноста на содржините кои варираат од технологија до флеш игри, целната група на овој сајт се луѓе со различни интереси, возраст, пол и националност. Нашата нова анкета за демографијата на сајтот во целост го потврдува претходното излагање.
На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?
- Содржините се достапни на македонски јазик, како и на англиски јазик преку изворот на веста и дополнителни линкови.
Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?
- 365.com.mk претрпе 3 модификации во своето постоење за да ја постигне максималната веб употребливост и модерен дизајн. Гласот на нашите посетители ни е од голема важност, бидејќи ни беше од помош при подобрувањето на сајтот од секој можен аспект.
Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?
- Сајтот функционира исклучиво на Open Source компоненти. Системот за администрација е Joomla, серверот е Apache и работи на FreeBSD, Форумот e Simple Machines Forum, а во редакцијата на 365.com.mk се користи Ubuntu Linux оперативен систем. Во план е изработка на посебна страница на сајтот, каде ќе може да се преземе изворниот код на сите досега изработени компоненти и апликации од наша страна.
На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?
- На секој оперативен систем што има интернет прелистувач.
Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според
стандардите на
В3Ц?
- Навигација на менито, галеријата, календарот и форумот го прават сајтот опиплив и лесен за прегледување. Поради многубројните измени и уредувања, неговата оперативност е на високо ниво, што го вбројува во најбрзите македонски сајтови. Информациите се разбирливи, со дополнителен линк за оние што сакаат да прочитаат повеќе.
Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?
- Сајтот има опција за зголемување на фонтот при читање. Менијата се текстуални, на сите слики поставени на страната има соодветен опис(кој го читаат screen читачите за слепи лица), а моментално во изработка е и медиа страница каде е нагласено посебно внимание на лицата со хендикеп, односно слепите лица.
|