|
Организација: Каламус
Производ/проект: Македонска културна ризница CD-ROM
Категорија: е-култура
Краток опис: Начините на уметничко и духовно изразување на македонскиот простор кој низ вековите се профилирале преку поединечни техники на творење дали преку живописување, резбарење, иконописување, или пак на некој друг вид на креирање, некогаш во поголема мера, повеќе успешно или не, но секогаш го одавале печатот на македонскиот гениј, кој, и во најтешките моменти на својата историја со несмалена желба и умешност го создале она што ние денеска го нарекуваме МАКЕДОНСКА КУЛТУРНА РИЗНИЦА.
Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?
- Македонско културно наследство претставено во мултимедијален ЦД-ром
Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?
- Ефектите од овој мултимедијален проект е реалниот допринос кон едукацијата, афирмацијата и популаризација на културното наследство на Р Македонија во земјата и странство
На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?
- Користењето на мултимедијалното ЦД носи придобивки како за интерактивно дигитално едуцирање така и за популаризирање на самиот медиум и неговите предности во споредба со класичните техники на изразување
Која е целната публика на производот/проектот?
- Целната публика е широка, но во главни црти - Младата популација на која овој медиум и е поприроден и воедно поразбирлив
На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?
- македонски и англиски
Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?
- Бидејќи се работи за научно-популарно издание водено е сметка тоа да биде разбирливо на најголемиот број потенцијални корисници/ употребувани се веќе воспоставени и стандардизирани навигации познати од интернет опкружувањњето и сл.
Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?
- Не
На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?
- Windows
Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според
стандардите на
В3Ц?
- Не
Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?
- Не
|