|
|
|
Награда на Светскиот самит за информатичко општество - Македонија 2009
|
|
|
|
|
Почетна - за WSA WSA Macedonia 2007 Вести Одбрани македонските претставници за Наградата на Светскиот самит
|
Одбрани македонските претставници за Наградата на Светскиот самит |
|
|
|
Мултидисциплинарното Жири на Наградата на Светскиот самит за информатичко општество Македонија ги одбра македонските претставници на глобалниот натпревар.
Жирито се состана на 5 јуни во Стопанската комора на РМ, кога беа извршени и презентации на поголем дел од проектите-кандидати. Жирито продолжи со дебата за изборот по електронски пат која заврши со уште еден дополнителен состанок на 8 јуни во просториите на Метаморфозис. По тој состанок беа донесени крајни одлуки за победниците во сите осум категории:
Дополнително, Жирито донесе одлука за решителна осуда на сите кои ги користат е-содржините за промовирање омраза (расна, верска, етничка, хомофобија,
мизогинија) и други криминогени појави, повикувајќи на подигање на свеста и кај јавноста и кај авторите на е-содржини кои треба да бидат свесни дека со учеството во медиумскиот простор покрај привилегиите повлекува и одговорности.
* Организаторите и жирито на Наградата на Светскиот самит за Македонија
немаат контрола врз содржините на горенаведените веб-сајтови (надвор од
доменот wsa.org.mk) и нивното учество во натпреварот не повлекува
одобрување на сите содржини кои се објавени или во иднина ќе бидат
објавени на нив.
|
|