escort escort

Наградата на Светскиот самит за мобилни апликации - Македонија
2014
 
 
Почетна arrow Правила
Правила на Наградата на Светскиот самит Испечати Е-пошта
Член 1

За Наградата на Светскиот самит може да конкурираат јавни и приватни установи и фирми, или организации регистрирани во Република Македонија, како и сите граѓани на Република Македонија. Победниците на категориите на Награда на Светскиот самит за Македонија 2011 (WSA-Macedonia 2011)ќе станат македонски кандидати за глобалната Награда на Светскиот самит 2011.

Член 2

Производот/проектот се пријавува на Натпреварот за Наградата на Светскиот самит за Македонија преку интернет. Производот/проектот може да го номинира само неговиот сопственик.

Член 3

За сопственик се смета физичко или правно лице кое има право на сопственост над сликите, звуците и другите содржини кои го сочинуваат определениот производ/проект. За софтверот кој се користи за потребите на проектот сопственикот мора да поседува соодветна лиценца.

Член 4

Номинациите се примаат само за завршени производи/проекти. Учеството преку прототипи, демонстрациски модели или недовршени производи/проекти нема да биде прифатено.

Член 5

Интерфејсот на производот може да биде на кој било од јазиците што се зборуваат во Македонија или на англиски јазик, но информациите за производителот и производот кои ќе бидат доставени до глобалното жири мора да бидат на англиски јазик. Нема никакви ограничувања во однос на технолошката платформа врз основа на која е направен производот/проектот.

Член 6

За Наградата на Светскиот самит за Македонија 2011 може да конкурираат само производи/проекти довршени и објавени по 1-ви јануари 2009 година. Еден ист производ/проект може да биде пријавен само еднаш. На пример, производи/проекти кои биле пријавени за Наградата на Светскиот самит за Македонија во 2005 година не може да бидат повторно пријавени во 2009 година.

Член 7

Еден производ/проект може да се пријави само за една категорија. Доколку една институција/организација/фирма или тим сака да земе учество со повеќе производи/проекти, секој производ/проект мора да биде номиниран одделно.

Член 8

Материјалите предадени при номинацијата на производот/проектот на глобалниот натпревар не се враќаат. Една копија/верзија од секој номиниран производ се чува во архивата на Награда на Светскиот самит. Оваа архива нема да се користи за комерцијални цели.

Член 9

Наградата на Светскиот самит го задржува правото од изборот да ги повлече пријавите кои се непотполни или не ги следат правилата на Наградата на Светскиот самит. На оваа одлука нема можност за жалба.

Член 10

При пријавувањето на производи/проекти на натпреварот за Наградата на Светскиот самит за Македонија, како и при пријавувањето за глобалниот натпревар, учесниците автоматски ги прифаќаат насоките поставени од тимот на Наградата за Македонија. Тимот ќе им помогне на македонските кандидати при испраќањето на документацијата за глобалниот натпревар.

Член 11

Пријавувањето на производи/проекти на натпреварот не го овластуваат производителот на никакви бенефиции од кој било вид.

Член 12

Производите/проектите кои учествуваат во глобалниот натпревар за Наградата на Светскиот самит 2011 мора да стигнат до канцеларијата на Наградата во Салцбург до 31 март 2011 година. Поштенските, транспортните и/или царинските трошоци се во надлежност на сопственикот на номинираниот производ/проект.
 
© 2017 wsa.org.mk
Powered by [Joomla!]

Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com
generic viagra cialis levitra cheap
how to buy viagra in canada online
prednisone online kopen
cialis one day online
levitra generico vendita online
where to buy viagra nz
prednisone purchase canada
cheap viagra cialis levitralevitra generico vendita onlinewhere to buy viagra nzprednisone purchase canadacheap viagra cialis levitra