Награда на Светскиот самит за информатичко општество - Македонија 2009
 
 
Почетна - за WSA
IT.com.mk - Портал за информатичка технологија Испечати Е-пошта

Организација: IWM Network, ДОО
Производ/проект: IT.com.mk - Портал за информатичка технологија
Категорија: е-наука и технологија

Краток опис:
IT.com.mk е македонски портал за информатичка и комуникациска технологија. ИТ порталот секојдневно објавува најнови вести поврзани со ИТ индустријата, рецензии на производи, мислења и ставови на разни теми, а исто така содржи голем број на интерактивни сервиси, како ИТ форум со над 3.000 членови.

Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?
- ИКТ новости, анализи, рецензии, статии, интервјуа, совети, експертски мислења, едукативни материјали, стручен ИКТ форум со над 88.000 мислења…

Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?
- IT.com.mk е веб 2.0 медиум кој од Март до Ноември го имаат посетено над 250.000 уникатни посетители, на стручниот форум се имаат зачленето над 3.000 корисници кои имаат отворено над 6.000 теми, објавува ексклузивни интервјуа со експерти, детално покрива домашни и странски ИТ настани и случувања, објавува анализи на домашниот пазар и сл.

На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?
- Нашата главна цел е да го поддржуваме, едуцираме и промовираме македонскиот ИТ потенцијал и значајно да придонесуваме за развојот на ИТ индустријата во Македонија.

Која е целната публика на производот/проектот?
- Нашата примарна целна група се ИТ ентузијасти (18 до 40 години) со занимања поврзани со ИКТ индустријата и високо образование и ја користат интернет мрежата за комуникација, информирање и извршување на своите секојдневни обврски

На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?
- Македонски јазик

Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?
- Лесна навигација и веб 2.0 архитектура
- Презентација на информациите на лесен и концизен начин
- Создавање на уникатни содржини
- Можност за регистрација и корисничка интеракција
- Соодветно користење на мултимедиа и алатки
- Секојдневно ажурирање
- Користење на клучни зборови и можност за лесно пребарување
- Секојдневно се прегледува сообраќајот

Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?
- IP, HTTP, HTML/XHTML, XML, PNG, JPEG, CSS, PDF... CMS-от кој се користи е Joomla!

На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?
- На скоро сите оперативни системи кои имаат интернет прелистувачи.

Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според стандардите на В3Ц (World Wide Web Consortium, www.w3c.org)?
- Заради искористениот енкодинг на сајтот, W3C не ја валидира страната.

Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?
- Засега не, но во иднина можеби ќе се реализира такво нешто. Засега, доколку корисниците користат соодветен софтвер како TTS (Text-to-speech) или хардвер за нивните потребни можно е делумно да го користат сајтот.
 

 
© 2010 wsa.org.mk
Powered by [Joomla!]