Категории

м-бизнис и трговија 

e-BUSINESS-COMMERCE.png
Поддршка на м-бизнис процеси и комерцијални трансакции, вклучувајќи и резервации за патувања во реално време; создавање нови бизниси во областа на м-трговија; понуда на поволни услуги за клиентите и поддршка за малите и средни претпријатија на пазарот; користење на мобилни телефони за купување, продажба и банкарство, како и за опслужување на клиенти и за соработка со бизнис партнери. 

м-влада и учество

e-GOVERNEMENT-OPENDATA.png
Испорачување мобилни услуги во јавните администрации за поединци, бизниси и организации, со цел да се подобри пристапот до услугите; поттикнување на квалитетот и ефикасноста на размената на информации и трансакциите ориентирани кон граѓаните; зголемување на учеството на поединци и групи.

м-учење и образование 

e-LEARNING-SCIENCE.png
Задоволување на потребите на учениците да стекнат знаења и вештини преку мобилен телефон во светот кој брзо се менува; трансформирање на образовните институции со ресурси за учење преку мобилен; создавање активни заедници за м-учење и решенија за корпоративна обука, како и за доживотно учење.

м-забава и животен стил 

e-ENTERTAINMENT-GAMES.png
Спорт, игри, музика, мода и забава: обезбедување на производи и содржини за забава на мобилни телефони; забавување на корисникот со иновативни игри преку искористување на својствата на малите, преносни уреди, поддржување на интерактивната забава, мобилните содржини, услугите и додатоците за подобрување на квалитетот на животот.

м-туризам и култура 

e-CULTURE-TOURISM.png
Воведување на културното наследство кај мобилните платформи; прикажувајќи ги вредните културни дела јасно и информативно, користејќи најнова мобилна технологија; обезбедување водичи за разните култури, сајтови и предмети и сето тоа во повеќејазичен пакет. Овозможување на патниците да наоѓаат атракции, да бидат информирани и да уживаат во безбедното патување и да имаат пристап до најнови информации за патувања, подобрување на комбинираната употреба на јавниот превоз, поддршка на ориентирањето во градовите и селските средини, овозможувајќи на хотелската индустрија да допре до клиентите, обезбедувајќи нови перспективи за просторот околу нас, користејќи мапи и содржини базирани на навигација.

м-медиуми и вести 

e-MEDIA-JOURNALISM.png
Пријавување на вести со помош на мобилен телефон, краудсорсинг, граѓанско новинарство, известување за природни катастрофи, јавни кампањи, мултимедиски вести, услуги на пребарување и агрегирање преку мобилни медиуми; нови форми на мобилни видеа и м-ТВ, филмови и тековни случувања. 

м-животна средина и здравство 

e-HEALTH-ENVIRONMENT.png
Содржини и услуги за поттикнување на одржливи модели на живеење; паметна употреба на мобилни медиуми за промовирање на зелена енергија; нови мобилни пристапи за следење и намалување на загадувањето; мобилни портали и апликации за социјални медиуми за да се поттикнат климатски контроли и холистички еколошки навики; модели на здравствена заштита ориентирани кон клиентите, каде што заинтересираните страни соработуваат; мобилни технологии за обезбедување здравствена заштита и за задоволување на потребите на граѓаните, пациентите, здравствените работници; услуги за алармирање при епидемија и пандемија; образование за здравје и бихевиоризам. 

м-инклузивност и оспособување 

e-INCLUSION-EMPOWERMENT.png
Мерки за поддршка на интеграцијата во рамките на глобалното информатичко општество; внесување на најмалку развиените региони и групи на општеството во мобилното информатичко општество; намалување на „дигиталниот јаз“ меѓу технолошки напредните и технолошки неразвиените заедници, како на пример групи во руралните средини, жени, постари граѓани, лица со хендикеп и деца; поврзување на општеството преку мобилни содржини и апликации; оспособување на граѓаните и засегнатите страни во јавните сервиси.