Мисија
Глобалното информатичко кое заслужува да го носи ова име е она општество кое им овозможува на сите луѓе, без разлика дали се богати или сиромашни, да креираат, добиваат и споделуваат информации и знаења за нивна економска, социјална, културна и политичка корист. Светскиот самит за информатичко општество кој се одржа во Женева во декември 2003 година и во Тунис во 2005 година има за цел да ја оствари оваа визија.

Наградата на Светскиот самит којашто се организира во рамките на Светскиот самит за информатичко општество става акцент врз основниот дел на информатичкото општество којшто често се занемарува: висококвалитетни е-содржини и апликации. Преку избирање, презентирање и промовирање на најдобрите производи од целиот свет од таа област, Наградата на Светскиот самит придонесува за надминување на дигиталниот и содржинскиот јаз.