WSA Македонија 2007


WSA Македонија - избор на најдобра македонска е-содржина и апликација во осум категории - е дел од глобалната WSA иницијатива.

Се одвива по правила и категории на Наградата на светскиот самит, а победникот го одбира Жирито на WSA Македонија. Победниците стануваат македонски кандидати за Наградата на светскиот самит.

Мандатот за организација на македонскиот натпревар за Наградата на Светскиот самит на Фондацијата Метаморфозис и го додели глобалниот организатор Меѓународен центар за нови медиуми [ ICNM ] од Салцбург.

 

Зошто е важно да се вклучите во WSA Македонија?

Богати и квалитетни е-содржини се неопходни за изградба на информатичко општество, кое нуди можност на создавање, примање и користење на знаења и информации.

Затоа Наградата на Светскиот самит како своја цел ја поставува промоцијата на креативноста во создавање и презентација на дигитални содржини. Особината која ја разликува од сличните натпревари е нагласувањето на културната разновидност и идентитет, создавање разновидни содржини и дигитализација на образовното, научното и културно тонаследство.

 

Предности на учеството во WSA Македонија

Вклучувањето во активностите на WSA Македонија носи големи маркетиншки поволности и медиумска видливост.

Покрај тоа, учеството во WSA Македонија придонесува за јавната перцепција на организациите како модерни, динамични и општествено одговорни компании кои даваат свој активен придонес во процесот на трансформација на Македонија во општество базирано на знаења и информации.