Портал: Дигитизација на националното наследство

Организација: Центар за дигитизација на националното наследство, Институт за Информатика, Природно - математички факултет, Скопје
Производ/проект: Портал: Дигитизација на националното наследство
Категорија: е-култура

Краток опис: Порталот обединува содржини кои се однесуваат на дигитално претставување на македонското национално наследство, како што се цркви, манастири, археолошки наоѓалишта, артефакти како икони, мозаици, народни носии, македонски ора, монети... <br />Квантитетот на содржините е огромен и се однесува на наследство од скоро сите краишта на Република Македонија. За сите вклучени (достапни) содржини во порталот правата ги има Центарот за дигитизација на националното наследство.

Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?
Содржините претставени на сајтот на ЦДНН се однесуваат на комплетното македонско национално наследство. Опфатено е:
археологија, архитектура (градови, села, мостови...), историски значајни локалитети, дарови од природата, икони, музички инструменти, керамика, манифестации, институции од културата, носии, ора и танци, песни (нотни, текстуални и музички записи), обичаи и традиции, верски и световни објекти и др.
Тие се претставени со користење на следните мултимедијални технологии:
3Д, видео, панорама, галерии, звук


Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?
Заради достапност на огромен дигитизиран материјал, зголемен е интересот за посета на одредени локалитети кои се презентирани на порталот, зголемен е интересот за македонската култура во странство. Институциите од културата и општините гледаат свој интерес да се вклучат во модерните информатички текови преку дигитизирање на материјалите кои што се во нивна надлежност. Ова е заклучено од големиот број на остварени контакти во изминатите 12 месеци, откако се започна со поставување на содржините.


На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?
Креирана е голема количина на дигитизиран материјал кој е интересен за многубројна публика:
- секој кој сака полесно да се запознае со македонското национално наследство
- ученици и студенти кои сакаат да научат повеќе
- наставници кои сакаат да предаваат на поинтересен начин
- интернационалната јавност заинтересирана за македонското национално наследство
Досегашните резултати претставуваат поттик за институциите од културата да се вклучат во модерните информатички текови (дигитизација на нивните архиви).
На тој начин веб порталот придонесува во зголемувањето и на бројот на интернет корисници и на квантитетот на дигитизирани содржини.


Која е целната публика на производот/проектот?
Сите интернет корисници кои се интересираат за македонското национално наследство.


На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?
Текстовите се напишани на македонски јазик. Содржините кои се претставени се состојат претежно од различни аудио – визуелни прикази, кои се разбирливи за секого.


Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?
Да.


Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?
Проектот презентира содржини, дел од нив креирани со користење на отворени стандарди и технологии како PHP, GIMP, Audacity, Anvil Studio, VirtualDub…


На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?
Како web производ независен е од оперативниот систем.


Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според стандардите на В3Ц?
Критериумите се делумно исполнети во досегашната фаза на изработка на проектот со тенденција во целост да се инкорпорираат во наредниот период.
Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?
Веб порталот е погоден за користење за дел од лицата со хендикеп.