|
Организација: НО „Детска насмевка“
Производ/проект: Детско здравје
Категорија: е-здравство
Краток опис: „Детско здравје“ е дигитална библиотека на авторитетни стручно проверени и локално релевантни здравствени информации наменети за едукација на пациентите/родителите, но и за едукација на луѓето од пошироката заедница. Овие здравствени информации се авторизирани од страна на познати педијатри- експерти во различни области на медицината, и се напишани на двата јазика со кои се служи најголемиот број од населението во земјата- македонскиот и албанскиот. За исклучително големиот интерес зборува бројот од 120.000 посетители во тек на двегодишното постоење.
Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?
- На веб страницата „Детско здравје“ се сторнирани повеќе од 100 здравствени текста наменети за децата, младите и целото семејство, со цел да им помогнат поздраво да живеат и подобро да се грижат за себе и за своите семејства, кога се болни.
- Текстовите се презентирани на едноставен и јасен начин, разбирлив за децата/ родителите, напишани се на македонски и албански јазик.
- Кредибилитетот на информациите почива на консултација на врвни медицински стручњаци.
Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?
- Вкупниот број посетители во тек на двогодишното постоење изнесува над 110.000 ( извештаи од веб статистиката).
- Коментарите кои ги испраќаат корисниците на контакт адресата се позитивни, а исто така во медиумите се објавени повеќе афирмативни критики.
- Високата посетеност укажува дека во нашата средина постои реална потреба за овој вид информации и дека нашиот сајт успешно одговарил на ваквото барање
На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?
- Здравствената просветеност на населението е важен фактор во превенцијата на заболувањата и во борбата за промоција на здравјето на народот.
- Во нашата земја недостасуваат квалитетни здравствени информации во пишана/др. форма, наменети за здравствена едукација на родители/деца. Недостатокот од стручно верифицирани информации допринесува родителите/децата, во своето незнаење, да станат подложни на злоупотреба од страна на разни надрилекари и непроверени информации.
- Нашиот сајт допринесува за намалување на бариерите, овозможувајќи здравствена едукација преку интернет „за сите“ анонимно и бесплатно, на македонски и албански јазик.
Која е целната публика на производот/проектот?
- Потенцијални корисници се сите граѓани на Р. Македонија- но и пошироко во регионот (македонско и албанско говорно подрачје), кои имаат персонални компјутери и достап до интернет.
- Специфично сајтот е наменет за:
- Деца кои боледуваат од различни заболувања и нивните родители
- Тинејџери и адолесценти
- Деца и возрасни од општата популација
На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?
Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?
Да, употребени се основните правила за организација на содржините и корисничкиот распоред.
- Написите се лесно достапни преку „пул даун бокс“ во кој се вметнати имиња на темите што ги обработуваат.Секој напис е поделен на секции, до кои може да се дојде преку кратка содржина на врвот на страницата, што придонесува за издигање на нивото на употребливост.
- Главните навигациски линкови, како што се За нас, Партнери, Контакт ..., се наоѓаат секогаш најдоле десно и секогаш се на исто место видливи, што овозможува брзо враќање на насловната страна.
- Логото на сајтот секогаш е во горниот лев агол.
- Сајтот поседува вграден бројач ( најдоле лево), за регистрирање на бројот на посетителите.
Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?
- За самото полнење на содржините не користиме отворен стандард, , додека користењето, односно прегледувањето на веб страницата е отворено за сите Интернет прегледувачи (Internet browsers)
На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?
- Било кој Интернет прегледувачи (Internet browsers)
Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според стандардите на В3Ц (World Wide Web Consortium, www.w3c.org )?
Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?
|