Мобилен сервер за глобален мониторинг

Автор: Борис Секирарски
Производ/проект: Мобилен сервер за глобален мониторинг
Категорија: е-наука

Краток опис: Windows сервер кој секојдневно собира информации, ги анализира и одлучува за состојбите. Создава мултијазични продукти и блогува на два блога (македонски и англиски).

Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?
- е-владеење, е-учење, е-наука, е-вклучување + е-информирање, е-чувство за одговорност

Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?
- Двогодишно секојдневно присаство на македонскиот интернет, и голема архива на случувања.

На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?
- Ја руши заблудата за огромната цена на вакви системи и чуството дека ние никогаш нема да имаме сопстве глобален мониторинг
- Покажува дека систем од слични проекти ќе ги надминат организациските слабости на општеството.
- Не прави споредливи со појаките во оваа област
Која е целната публика на производот/проектот?
- Секој жив човек на планетава, иако тежиштето е на населението кое живее на подрачјето на Јужна Европа и Медитеран

На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?
- Како целта е пвеќејазичност (но и повеќеразмерност, многуприменливост и др.) тоа е вистински постигнато, некои продукти се создаваат и на 5 јазика, дел од продуктите имаат и повеќејазичен HTML пристап.


Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?
- Ако се земе во обзир обемот на идејата, водев сметка во најголема можна мера.


Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?
- Серверот е комплексна целина од над 100-тина апликации кои работат секој ден во период од 150 мин. Разнородни се и тоа: сопствен развој (VB6), GNU или GNU GPL (povRay и др., но и комерцијален софтвер (Surfer, Grapher и низ други). Индиректно се користат FreeGis, OpenGL, DirectX и многу други технологии. Мислам дека во поголема мера е заснован на стандардот на формати на документи (open office document, open format и слично)


На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?
- Наспроти мислењето дека за тоа се потребни Linux, или било кој негов сроден ОС, во проектов се е на Windows (XPhome, или Win2000), освен идното проширување кон CMS е-комерција и CRMS (ќе бидат одбрани некои од GNU GPL продуктите веројатно и ќе е на LAMP конфигурација, па дури и на сопствен WEB-сервер…!)

Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според стандардите на В3Ц?
- Во делот на блог содржините да, и насекаде во извештаите од работата на серверот

Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?
ДА...! со оглед дека серверот секој ден во автоматски начин на работа, генерира и комплексни:
- говорни информации,
- богати графички содржини,
- мултимедијални содржини
- 2D и 3D анимации