ExploringMacedonia

Организација: Exploring Macedonia
Производ/проект: ExploringMacedonia - национален портал за туризам
Категорија: е-бизнис

Краток опис: ExploringMacedonia.com e официјално признаен и поддржан како национален портал за туризам на Македонија од страна на Министерството за економија.
Овој портал претставува единствено место на кое можете да ги најдете сите потребни информации за се што е поврзано со туризмот во Македонија. Информации за историјата, културата, сместувачките капацитети, туристички агенции, малку познати факти, приказни и многу други информации.

Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?
- Како Национален Портал за Туризам на Македонија, ExploringMacedonia.com опфаќа содржини кои ги истакнуваат основните причини зошто еден турист треба да дојде во Македонија. Тоа претежно се содржините за градовите, езерата, планините и националните паркови, културните дестинации, археолошките локалитети, историските градови, црквите и манастирите, информации за тековните културни настани како и информации, факти и приказни по кои Македонија е единствена и за кои посетителите не знаеле дека постојат кај нас. Тука се и дополнителните информации за тоа како да се стигне во Македонија, како да се патува низ неа со различни превозни средства, конвертор на странски валути во денари, како и листа на карактеристични зборови на македонски јазик кои може да се прочитаат како се изговараат но и да се слушнат како звучат во оригинал.
Покрај тоа, на порталот се наоѓаат информации за сите услуги за кои заинтересираните туристи би сакале да ги добијат со цел да ја остварат нивната посета комплетна. Почнувајќи од информации за хотели низ Македонија, со можност за букирање и плаќање на резервацијата со кредитни картички, преку приватно сместување во селски куќи, рент-а-кар, туристички агенции, музеи и галерии, транспортни услуги, туристички пакети за патување низ Македонија, информации за туристички водичи и цени за нивните услуги, рекреативни, авио, конференциски и многу други туристички услуги и капацитети.
Со овие два сегменти се комплетира кругот за сервирање на туристот, од истакнување на причините зошто да дојде, до сервирање, букирање и плаќање на резервацијата за сместувањето и другите услуги кои му се потребни за неговиот престој.


Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?
- преку 160 комерцијални членки кои се презентираат на порталот, од туристичката индустрија
- преку 200.000 страници месечно се отвораат на порталот (page views)
- реализирани услуги преку порталот во вредност повеќе од 50.000 евра
- просечно повеќе од едно ноќевање дневно се букира преку порталот
- просечно 15 контакти дневно пристигнуваат до секторот за customer support
- на првата страница на Google, ако барате “Macedonia” (помеѓу првите 10 резултати)
- најголема Интернет промоција за Македонија со проектот Macedonia at Yahoo Adventure
- организирана посета на членови од аристократското друштво London Season предводени од Принцезата Катерина


На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?
- Континуираното зголемување на бројот на туристички субјекти укажува на фактот дека свеста за нивна презентација и промоција на Интернет просторот е поголема и присутна како надополнување на стандардните медиуми за рекламирање, посебно земајќи го в предвид и фактот дека порталот им овозможува и дополнителна продажба која на сите им е потребна.
Покрај тоа, користејќи ја е-mail комуникацијата како единствена платформа за проследување, прифаќање и одобрување на сите барања и статуси кон и од туристичките субјекти, exploringMacedonia.com придонесе за конвертирање на факс комуникацијата во е-mail, поготово во сегментот на резервации кај хотелите.


Која е целната публика на производот/проектот?
- Од една страна Порталот за туризам на Македонија наменет е за сите потенцијални туристи кои сакаат да ја посетат нашата земја или дознаат повеќе за неа каде и што има интересно да се посети. Од друга страна пак, Порталот е наменет за сите компании, здруженија и поединци од туристичката индустрија, со цел да ги презентираат своите капацитети и услуги, пред потенцијалните туристи.


На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?
- Англиски


Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?
- Да, употребени се основните правила за организација на содржините и корисничкиот распоред (User Interface). Така, сите содржини од прво и второ ниво на навигација се „отворени“ односно видливи, како што се Tours, со типовите на тури (Cultural, Sports, Hunting, ...). Покрај тоа, главните навигациски линкови, како што се Home, Contact, About us, ... се наоѓаат секогаш најгоре десно и секогаш се на исто место видливи што овозможува брзо враќање на насловната страна. Што се однесува до изгледот на самите содржини, тие се секогаш претставени со Наслов, поднаслов и визуелно-текстуален дел, видливо по боја и големина. Логото на сајтот секогаш е во горниот лев агол, додека на секоја страна доминира анимација која има за цел да го привлече вниманието на потенцијалните туристи да се заинтересираат за посета на Македонија.


Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?
- За самото полнење на содржините не користиме отворен стандард, туку дедицирана апликација за управување со содржини, додека користењето, односно прегледувањето на веб страницата е отворено за сите Интернет прегледувачи (Internet browsers)


На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?
- Било кој Интернет прегледувачи (Internet browsers)


Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според стандардите на В3Ц?
- Да


Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?
- Не