Портал за пристапна информатичка технологија

Организација: Здружение на граѓани Отворете ги прозорците
Производ/проект: Портал за пристапна информатичка технологија
Категорија: е-вклучување

Краток опис: Веб сајтот е наменет за презентирање на активностите на здружението, но и за промоција на употребата на пристапната технологија за лицата со хендикеп. Постои дел за здружението, но и дел со корисни линкови, бесплатни упатства, книги и софтвер.  <br />Изработен е со CMS Joomla, На македонски и англиски јазик, и со запазување на стандардите за пристапност

Какви е-содржини се опфатени со производот/проектот?

  • Информации за пристапна ИТ за лица со хендикеп
  • Новости во пристапна ИТ за лица со хендикеп
  • Практични совети за подобрување на пристапноста на компјутерите
  • Упатства за адаптации и користење на хардвер и софтвер
  • информации за активностите на здружението Отворете ги прозорците
  • Линкови до слични сајтови
  • Други корисни линкови за пристапна технологија
  • Превземање на книги, упатства и бесплатен софтвер

 

Кои се досегашните ефекти и влијание на производот/проектот?

  • Прв сајт на тема пристапност, го почна развојот на оваа тема во Македонија и Балканот
  • Повеќе оргаизации почнаа да користат пристапна технологија за лица со хендикеп
  • Број на лица што „не можеа“ да користат компјутер претходно сега непречено користат


На кој начин производот/проектот придонесува во развојот на информатичкото општество?

  • Со препораки и упатства за користење на бенифитот од информатичното општество за сите категории корисници (за лица со хендикеп)


Која е целната публика на производот/проектот?

  • Лица со хендикеп
  • Организации на лица со хендикеп
  • Веб и софтвер дизајнери


На кој јазик (на кои јазици) се достапни содржините?

  • Македонски
  • Англиски


Дали при изработката на проектот е водено сметка за правилата на употребливост и на кој начин?

  • Почитувани се W3C нормите за пристапност и внимавано е на пристап за лица со ограничени движања


Дали производот/проектот се заснова на примена на отворени стандарди и ако да, кои?

  • Користена е Joomla CMS

На кои сè оперативни системи може да се користи производот/проектот?

  • На сите што имаат интернет прелистувач

Дали производот/проектот ги исполнува критериумите за пристапност според стандардите на В3Ц (World Wide Web Consortium, www.w3c.org )?

  • Да (повеќето)

Дали производот е погоден за користење од страна на лица со хендикеп, на пр. слепи лица?

  • Да, Наменет е за лица со хендикеп